Откако беше откриен на морското дно на Северниот Атлантик во 1985 година, Титаник го посетиле само мала група луѓе. „OceanGate Expeditions“ неодамна го најави своето второ патување до најпознатиот потонат брод на светот, а туристите и тим од истражувачи ќе одат до 4.000 метри под студената површина на океанот, каде што „специјалистите на мисијата“ заедно со истражувачите ќе го посетат големиот брод со помош на подморницата на компанијата.
Но, ова патување ќе биде сè, само не е евтино. Имено, секој билет чини 250 илјади долари. Туристите ќе ја започнат својата авантура со пловидба со експедициски брод од Канада до последното почивалиште на потонатиот брод, а ќе бидат околу 1.500 патници и членови на екипажот. „OceanGate Expeditions“ ќе ја користи својата подморница од титаниум и влакна од класата „Cyclops“ за пет членови на екипажот; бродот ќе носи до тројца експерти од мисијата на секое нуркање кое ќе трае од осум до десет часа.
„Непотопливиот брод“ Титаник потона на 14 април 1912 година, четири дена по неговото прво патување од Саутемптон, Англија до Њујорк, откако удри во санта мраз. Загинаа 1.517 од 2.224 патници и членови на екипажот.
Од година во година бродот се повеќе се распаѓа. Јарболот паднал на палубата, а познатото нуркање на режисерот Џејмс Камерон во 2001 година го ослабна интегритетот на трупот. Според Националната управа за океани и атмосфера, трупот и структурата на бродот најверојатно целосно ќе се распаднат во следните 20-40 години.