Како на друга планета: Местото каде „никнуваат“ вулкански пирамиди

ПАТУВАЊА FEATURED 1

Сaкате да го видите боливиското солено езеро Салар де Ујуни? Но, не можете да се одлучите бидејќи и Аргентина е на Вашиот список за земји во кои сонувате да стапнете… Еве совршената алтернатива, а ќе видите и пирамиди…

Аргентина ja има своја необична атракција наречена Коно де Арита. Се работи за природна формација што изникнала од солената низина во форма на пирамида, само што не е вистинска пирамида, туку вулкан. Локалните жители велат дека вулканската активност е премногу слаба за да избувне, но затоа си ја чува својата форма и си „одмара“ тука.

Чувството е како да сте на друга планета, особено во раните вечерни часови кога пред вас ќе се појави сцена со бела низина, темно небо, пирамида и полна месечина. Дури и на таква надморска височина (4.500 метри) ќе мислите дека се наоѓате на некоја рамнина затоа што другите повисоки вулкански врвови се многу далеку.

Коно де Арита се наоѓа во Салар де Аризаро, солена аргентинска земја дел од планинскиот масив Анди. Зафаќа 1.600 квадратни километри, а оваа солена пустина е шеста по големина во светот и втора по големина во Аргентина. Придобивките од ова подрачје ги користат и бројни компании кои извлекуваат натриум, литиум, калиум и секако – сол.

Сместено е во северна Аргентина, вдолж границата со Чиле. Боливија е исто така во соседството, па ако сте за едно патување со малку повеќе адреналин и престој во природа – ова е опција за вас.

Најдобро време за посета е пролет или есен, а летото може да биде дождливо. Имајте на ум дека самото патување не е лесно, но има добри локални водичи и агенции кои нудат одлични тури.

Извор: Punkufer.hr