Ѓоковиќ доби виза: Ќе биде ослободен во рок од 30 минути, ќе му се платат сите трошоци и ќе му се врати пасошот

ПОЗИТИВНО

Цел свет будно ја следеше ситуацијата со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Судот постигна спогодба со српскиот тенисер и му даде виза да игра тенис на „Австралија опен“.

Судијата Ентони Кели рече дека се укинува одлуката за одземање на визата на тенисерот и дека австралиската влада мора да му ги плати сите трошоци на Новак, да го ослободи во рок од 30 минути и да му ги врати документите и се што му е одземено. Забележано е клучен фактор е тоа што Новак имал рок до 8.30 да одговори на одлуката дека визата му е откажана, но бил принуден тоа да го направи во 7.42 часот. Доколку имал повеќе време, српскиот тенисер можеби ќе постапел поинаку, рече судијата.

Дaли ова ќе биде доволно?!

Австралиската влада вели дека лицата кои не се државјани на земјата немаат право на гарантиран влез во Австралија и го доведоа во прашање неговото барано изземање и нагласија дека дури и ако Ѓоковиќ ја добие тужбата, властите го задржуваат правото повторно да го приведат и да го оддалечат од државата.