Девојка која боледува од „спина бифида“ го тужела гинекологот кој ја водел бременоста на нејзината мајка и би можела да добие милионска отштета поради раѓањето.
Вчера, високиот суд во Лондон пресуди дека постои основа тужителката, Еви Томбес (20) од Велика Британија, да добие милионска отштета.
Пред еден месец Томбес поднела тужба против д-р Филип Мишел затоа што не ја советувал мајка ѝ да зема фолна киселина како додаток во исхраната за време на бременоста. Имено, фолната киселина обезбедува правилен развој на плодот, а недостатокот на оваа супстанца се смета за една од причините за состојбата со која е родено девојчето. Доколку докторот ја посоветувал нејзината мајка Керол, таа би ја одложила бременоста и 20-годишната девојка немало ни да се роди.
Нејзините адвокати се уште не кажале колкава отштета очекуваат, но велат дека сумата нема да биде мала бидејќи ќе треба да ги покрие сите трошоци за нејзиното лекување и нега до крајот на животот.
„Во нормални околности, зачнувањето би било подоцна и би се родило нормално, здраво дете“, изјавила Еви, пренесе „Дејли мејл“.
Во тужбата се наведува дека мајката на Еви, Керол, кога ја планирала бременоста го посетила лекарот и не забременила пред да се консултира со него. За време на консултацијата, тој не ѝ кажал дека треба да зема фолна киселина и дека, според Томбес, мајката ќе го одложела забременувањето за да зема додаток во исхраната пред да забремени.
Инаку, „спина бифида“ е вродена малформација што се јавува за време на бременоста. Таа влијае на ‘рбетниот столб на бебето, кој ги штити’ рбетниот мозок и нервите и преставува отвор во коскениот канал, што не се затворил правилно. Со ваквите состојби, во зависност од големината на отворот, некои можеби нема да имаат никакви потешкоти, додека други имаат проблеми со подвижноста, а во тешки случаи се работи за целосна неподвижност на долните екстремитети.