И вакви нè има: Туристи на враќање од одмор имале сообраќајна незгода во Македонија, имињата не ги знаат, но испратија порака до едни луѓе

ПОЗИТИВНО

На групата „Грчка инфо“, на која редовно се споделуваат искуства и информации за тековна туристичка сезона во Грција, една туристка сподели што доживеала во Македонија, низ која транзитирале.

„Пред два дена, враќајќи се од одмор во Грција, доживеавме сообраќајна несреќа во Македонија. При претекнување со голема брзина ни пукна гума, изгубивме контрола и завршивме на страна на патот во трева (среќа немаше банкина)“, пишува таа во својата објава.

„Уште не излеговме од кола, никој не беше повреден, фала му на господ, луѓе почнаа да доаѓаат. Еден пар кој прв ни пријде, жената боса излезе од колата, имаа странски регистарски таблички но беа наши. Останатите беа од Македонија. Нè трогна тоа што се уште има добри луѓе кои сакаат да ни помогнат. Нè влечеа по пат, ни ја сменија гумата, ни донесоа вода, чипс за син ми. Имињата не им ги ни знаеме, Анѓел од Градско и Бојан од Неготино нè придружуваа до вулканизерот. Доколку се во групата и или некој ги познава, нека им ја пренесе уште еднаш нашата благодарност. Драги луѓе, Господ да ве чува каде и да сте“, напиша таа.

Сите сме луѓе и треба да си помагаме. Благодарност и од нас што сте направиле добро дело и сте ги испратиле овие луѓе дома со позитивно искуство од нашата земја.