Во 64 коло на Лото, што го организира Државна лотарија, синоќа по подолго време извлечена е седумка на Лото со награден фонд од 109.012.304,50 денари или рекордни 1,76 милиони евра.
Среќниот добитник ливчето го уплатил во Охрид.
Добитната комбинација на која се падна најголемата добивка досега е 7, 10, 27, 31, 33, 35, 36.