Доколку сакате да го подготвите убав чоколаден колач, а немате мнгоу време на располагање во продолжение погледнете го овој рецепт за кој ви требаат само 4 состојки и е без печење. Колачот се прави многу лесно, многу е вкусен и изгледа прекрасно. Со едноставен трик со чаша ќе добиете необичен прстенест облик, а ќе биде прекрасен украс на секоја трпеза и прослави.
Состојки:
900 мл млеко
100 гр шеќер
70 g густин
100 гр чоколадо
Подготовка:
Во садот истурете ги млекото, шеќерот и густино, па убаво измешајте да нема грутчиња. Загрејте на умерен оган со постојано мешање и додадете го чоколадото искршено на парчиња. Продолжете со мешање додека не се стопи чоколадото. Се додека не добиете густ фил како пудинг продолжете со готвоењето. Во средината на садот за торти ставете чаша, па околу неа истурете го филот и убаво израмнете го. Оставете да се излади и да се стегне. Превртете ја тортата во плехот за сервирање, извадете ја чашата и декорирајте со какао во прав.