Откако во бројни медиуми се појави веста дека актерката Марија Каран го „завела“ Новак Ѓоковиќ на концертот на Дино Мерлин, каде што наводно му се додворувала, се огласи неговата сопруга. Иако таа не реагира на слични написи во медиумите, за првпат ги изненади сите со нејзината жестоката реакција. Имено, кога го видела текстот објавен во таблоид, таа на нејзиниот профил на Инстаграм објави фотографија од споменатиот текст, со порака:
„Ако не ја демантираш лагата, затоа што не можеш да одговориш на глупоста и едноставно не те интересира тоа, за новинарите тоа значи дека им даваш зелено светло да продолжат да те развлекуваат во весниците и на крај ќе испаднеш дворски шут“, напиша Јелена, и потоа се надоврза:
„По 15 години пишување за афери со секоја девојка од нашето друштво, тие сега не познаваат толку добро како двојка што знаат дури и кога сум љубоморна, без зборови и дела (бидејќи наводно тоа не е видливо, но имаат многу „сигурни извори“). И секако кога не ја негирате глупоста, автоматски станува корисна мамка за идните објави за сега веќе поранешните љубови … Така се почитува карактерот и делото на еден млад, успешен спортист. Им се испушти дека е заглавен со мене сите овие години, но многу повеќе кликови носат скандалите. Живееме во време кога навистина треба да се запрашаме што да читаме и кому да му веруваме. Целата таа темна енергија што влегува во нас додека ги читаме вестите исполнети со невистини и лаги заради контрола, страв… како профитот да не може да се инспирира со добри дела. Знаеме дека столбот на секоја здрава душа е семејството, па зошто да се користат медиумите како средство за оцрнување и плукање! Дали е тоа рецепт за успех или неуспех на едно општество? Пресудете вие.
И да не испадне дека само залудно зборувам и гукам од удобната зона. Мојот одговор на лажните и празни вести е во основањето на „orgnlmagazine“, со цел да ги поддржиме нашите новинари и да им дадеме платформа каде што ќе можат да пишуваат општествено корисни и инспиративни теми. Наместо да барате скандали и кликови дајте им простор на прекрасните креативни луѓе да зборуваат за своите искуства и патот до нивните врвови. Да го покажеме најубавото што го имаме. Најдобарото – напиша Јелена на својот профил на Инстаграм.