Jован и Марија си пазарувале на пазар кога непозната жена им се доближила: Вие не се сеќавате на мене, но јас се молам за вас веќе 20 години!

ПОЗИТИВНО


Имале пристоен живот, кога оденаш морале да се спакуваат набрзина и да одат во друга земја, што требало да им биде татковина.

Очајни, загрижени мажи, жени со расплакани деца во раце, со стари и беспомошни лица, тинејџери, немало разлика помеѓу нив. Сите тие, оставајќи ги домовите, имотот, татковината и скапоцените спомени, бегајќи за да си ги спасат животите, пред повеќе од 20 години само заминале, не знаејќи ни каде ни зошто точно одат.

По тој пат на безнадежноста, бегајќи од ужасите на кои биле сведоци, поминале низ едно село, каде што морале да чекаат за им биде дозволено да го продолжат патот понатаму, кон неизвесноста. Бегалската колона ја видел и брачниот пар Вукашиновиќ, Јован и Марија, и веднаш одлучиле да не бидат неми сведоци за маките на луѓето кои само што останале без ништо. Големината на она што го направиле тогаш ја дознале дури пред крајот на 2021 година, а нивната ќерка Ана Нешиќ се погрижила цела Србија да слушне за нивниот гест.


Јован и Марија, водени од човечкиот инстинкт, веднаш решиле да помогнат.

„Моите родители правеле крофни и пити и со полни шишиња вода за пиење, оделе од автомобил до автомобил за да им поддадат на луѓето храна и вода. Тоа го правеле на свој трошок, бидејќи не можеле ни да помислат што би се случило доколку и тие би се нашле во таква ситуација. Се сеќавам на ова како низ магла, само дека одев со татко ми“, раскажува Ана.

Дваесет и две години подоцна, не ни замислувајќи каква средба ги чека, брачната двојка Вукашиновиќ пазарувала на локалниот пазар, кога им пришла една непозната жена.

Таа им рекла: „Ни дадовте крофни во Конарево? Се уште ги паметам вашите лица. Никој ништо не ни даде тогаш, само вие. Децата ни беа гладни и немавме ништо што да им дадеме. Оттогаш се молам за вас секогаш кога одам во црква и палам свеќа за Вашето здравје иако не ни знам кои сте. Се надевав дека еден ден ќе Ве сретнам и ќе Ви се заблагодарам“, раскажува Ана за зборовите на непознатата жена која им се доблжила на нејзините родители.

Нејзината трогателна приказна за несебична помош докажува дека малите гестови што секој од нас може да ги направи нема да го променат светот, но секако ќе им бидат светилник на оние на кои им е најпотребен во одреден момент, а во исто време и мотивација за другите дека „нашето малку можеби му значи многу некому“. Тоа не е само вообичаена фраза дури и во овие времиња кога се чини дека целосно сме заборавиле како е да се биде човек.