Актерката Сара Xесика Паркер редовно споделува на Инстаграм како го поминува времето помеѓу сетовите на снимање на новата сезона на серијата „Сексот и градот“. Таа деновиве со своите следбеници сподели дека моментално го чита романот на Лана Басташиќ, родена во Загреб, а пораснала во Бања Лука.
Станува збор за книгата „Фати го зајакот“, за која младата авторка ја освои Европската награда за литература во 2020 година, така што нејзиното дело е преведено на осумнаесет јазици. Покрај тоа, овој роман беше и во потесниот круг за избор за наградата „NIN“ во 2019 година и ја освои меѓународната награда „Latisana per il Nord Est 2021“. Препораката на Сара Џесика Паркер до нејзините следбеници е да го прочитаат овој роман, а на објавата реагираше и авторката на „Фати го зајакот“.
„Прати ми пар чевли да си ја платам киријата за 3 месеци“, се пошегува Лана Басташиќ на својот профил на Инстаграм.
По нејзиниот коментар следуваа бројни реакции и пофалби од нејзините следбеници, но Басташиќ го додаде следново:
„Почитувани, ви благодарам за вашите добри зборови и коментари. Не направив ништо ново, книгата беше објавена во 2018 година, така што нема потреба да ми честитате. Оттогаш, романот освои две награди, одлични критики во домашни и странски списанија, но изгледа за жал, ништо од ова не е толку важно како кога ќе ве спомене славна актерка “.