Koj би платил толку? Ова е најскапото кафе во светот

ПАРИ FEATURED 2

Шкотска млекарница ја нуди најскапата шолја кафе во Британија, со цена од 272 британски фунти (околу 20. 000 денари) за дупло еспресо со млеко, направено со краткотрајно уметничко дело од млечна пена.

Скапата шолја кафе е всушност подарок со купени акции во млекарницата Мосгиел, бидејќи луѓето кои купиле 34 акции од фармата добиваат еспресо со млеко, кое може да го пијат во едно од 13-те кафулиња во Шкотска кои користат млеко од таа млекарница.

„Ова кафе чини речиси 80 пати повеќе од просечното еспресо со млеко во Велика Британија, но се работи за многу повеќе од обичен прекрасен пијалок“, изјавил сопственикот на млекарницата, Брајс Канингем.

Акционерите добиваат и други награди, како што се обиколки на фармата попусти за испорака на млеко и покани за специјални настани.

Род Витефорд, косопственик на „The Good Coffee Cartel“ во Глазгов, кој сега го служи најскапото кафе, рече дека кафулето користело млеко „Мосгел“ веќе неколку години и дека и покрај „безобразните понуди“ од конкурентите да се префрлат, другите производители на млеко не го нудат квалитетот и конзистентноста на млекото што го обезбедува млекарницата и полнотата на вкусот на кафето направено со тоа млеко.