Куќа имаме за пет фамилии, а ти со мало бебе живееш под кирија, ја прекорил таткото ќерката, а таа му вратила…

ПРИКАЗНИ SLIDE

Фото: Илустрација, Pixabay

Откако ќерката им заминала да работи во странство, поминало многу кратко време кога таа ги израдувала со добри вести, се омажила. Зетот го запознале преку Интернет, дошол денот кога им се родила и првата внука. Секојдневно добивале фотографии од малата принцеза, но тоа не било доволно, сакале да го видат и да го држат во раце своето прво внуче.

Младите имале многу обврски, не можеле да дојдат, па одлучиле тие, двајцата пензионери да резервираат лет и да им отидат на гости.

На аеродромот ги пречекал зетот и иако првпат летале со авион и летот бил долг, сепак со нетпрение чекале да го запознаат и најмалиот член на нивното семејство, па веднаш се упатиле таму.

Но, кога пристигнале во нивниот дом, таткото веднаш го погодила една работа. На фотографиите не се гледало баш добро, но станот во кој неговата ќерка живеела под кирија бил многу мал, немало место за ништо, бил темен и воопшто не ни замислувал дека неговата ќерка – единица живее така.

Место солзи радосници, него го обземала жал и не можел да издржи па држејќи го во раце нејзиното бебе ѝ рекол.

-Дома имаме куќа за пет фамилии, за тебе ја правев за да имаш убав дом, а ти дојде да живееш тука, во 50 квадрати и тоа туѓи, рекол таткото и додал: „Те молам вратете се, имаме место за сите“.

Ќерката воопшто не била изненадена од оваа реакција, ниту пак се навредила.

„Знам тато дека ти направи куќа за живеење, многу убава и многу голема, но не е само куќата. Во нашата земја нема болници, нема доктори, нема патишта, возови, ниту пак доволно градинки и училишта. Платите се мали, а животот воопшто не е евтин ниту пак е за потценување. Никој не гледа иднина во таа земја, младите постојано се иселуваат и тоа нема да престане. Тука куќата е мала, но имам се што ми е потребно за неа. Таа нема да расте во голем дом, но ќе расте во средена држава и добра и безбедна иднина. Затоа ќе останеме овде“, одговорила ќерката.

Потоа додала, „Вие можете да останете со нас колку што сакате или да ви најдеме место во близина, за да бидете дел од нејзиниот живот, а кога ќе ви недостига куќата, можете да си се вратите“.