Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на Ковид 19 во:-Скопје 110 -Куманово 44 -Охрид 18 -Струмица 17 -Прилеп и Тетово 13 -Штип 11 -Битола, Велес и Кичево по 10 -Свети Николе 9 -Кочани и Виница по 8 -Радовиш 6 -Гостивар и Дебар по 4 -Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица по 3 -Струга, Неготино, Берово и Делчево по 2 -Пробиштип, Валандово и Демир Хисар по 1.
Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (52г,59г,63г,66г,71г,77г,80г и 83г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по 1 починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г).
Од пријавените, 24 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.
Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти од:-Скопје 575 -Куманово 76 -Прилеп и Кавадарци по 54 -Битола 53 -Велес 43 -Тетово 40 -Штип 36 -Крушево 27 -Гостивар 26 -Гевгелија и Неготино по 18 -Кочани 17 -Кичево 14 -Струмица 13 -Охрид 12 -Виница и Ресен по 11 -Демир Хисар 10 -Берово и Македонски Брод 9 -Струга 8 -Свети Николе и Делчево по 7 -Радовиш, Крива Паланка и Демир Капија по 5 -Дебар и Богданци по 4 -Пехчево 3 -Кратово, Македонска Каменица, Пробиштип и Дојран 1.
Досега во земјата се направени вкупно 731.997 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874.