На врвот на еден мал рид заобиколен со вода од езеро се наоѓа храмот Ритуо, дом на еден осамен монах кој ги поминува деновите медитирајќи.
Ритуо, што значи „камен на планина“ на тибетски, често е опишуван како најосамениот храм во Тибет, а има историја подолга од 700 години. Тој исто така важи за скриен „скапоцен камен, бидејќи многу малку туристи се осмелуваат да го посетат.
Ова е затоа што се наоѓа среде никаде, на мал дел од земјата што се протега во езерото Јамдрок, едно од трите свети езера на Тибет, пренесува „Oddity Central“.
За многумина е најинтересен е фактот дека храмот има само еден жител. Се вика Аванг Пинкво, кој го поминува поголемиот дел од денот носеќи вода од езерото до храмот и во медитација и молитва.
Овој монах е последниот во долгата низа осамени монаси кои со векови го чувале храмот Ритуо, а кога тој ќе почини, неговото место ќе го заземе некој друг. Можеби ќе се запрашате што е тоа што го спречува човек да полуди на такво далечно место. Во случајов е силата на неговата вера.