Нема да им одолеете: Кога ќе ги видите овие преслатки кученца ќе ви стане јасно зошто оваа градинка стана интернет сензација

ПОЗИТИВНО SLIDE

Да се остави домашниот миленик на друго лице е веројатно една од потешките одлуки што треба да ги донесат сопствениците на кучиња иако и да се остават сами дома исто така не е лесно. Таканаречената градинка за кучиња е една од опциите, а „Puppy Spring“ во Јужна Кореја го привлече вниманието на сопствениците на кучиња ширум светот.

Овој објект нуди можност за чување на кученца постари од 12 недели и е совршен избор за луѓе кои работат со полно работно време.

Сопствениците можат да бидат сигурни дека нивните крзнени пријатели ќе бидат добро згрижени и среќни дури и кога тие не се во нивна близина.

Градинката „Puppy Spring“ може да прими повеќе од 30 кучиња, а луѓето што чуваат кучиња ги забавуваат со разни игри и вежби, работејќи на нивната послушност и социјализација.

Сите овие активности ги заморуваат кучињата, поради што треба да и да ги „наполнат батериите“.

Со други зборови, тие послушно легнуваат на попладневен одмор, како децата во градинка.

Фотографиите на кученца што лежат во нивните креветчиња станаа хит на Инстаграм, а ќе ви стане јасно зошто кога ќе ги видите.

Повеќе на линкот:  „Puppy Spring“