Пијан Турчин поминал неколку часа помагајќи им на спасувачите во потрагата по исчезнато лице пред да сфати дека групата за пребарување и спасување всушност го бара него, пишува „Daily Mail“.
50 -годишниот Бејхан Мутлу од Инегол, пиеле со пријателите, по што залутал во шумата.
Неговата сопруга се загрижила, бидејќи долго време не се јавувал на телефон, па пријавила во полиција дека исчезнал,
Лутајќи низ шумата, Мутлу наишол на групата спасувачи и волонтери кои барале некого, но никој не сфатил дека всушност го бараат него. Штом слушнал дека групата бара исчезнато лице веднаш им се приклучил во потрагата.
Дури кога еден од спасувачите го извикал неговото име, Мутлу рефлексно одговорил: „Тука сум“, сфатиле за какво недоразбирање се работи.
Еден од спасувачите го тргнал настрана за навистина да се увери дека тој е човекот што го бараат, а Мутлу откако сфатил рекол дека се надева дека неговото семејство и целиот спасувачки нема да му се налутат.
Тој наводно рекол: „Ве молам, немојте да бидете премногу строг со мене. Татко ми ќе ме убие.“
Спасувачите потоа го одвеле дома, но не е познато како бил пречекан од неговото семејство.
Ова не е прв ваков случај. Имено, во 2012 година, една азиска туристка која исчезнала на Исланд била пронајдена во истата група што ја барале, откако не го препознала сопствениот опис објавен од полицијата.