Oбјавена е најновата книга на Марина Мијаковска – „Приказни од Пајко Маало“

ЛИТЕРАТУРА

Новата книга на Марина Мијаковска е насловена „Приказни од Пајко Маало“. Оваа прозна книга на Мијаковска е метафора на создавањето на трајните културни вредности. Писателката е инспирирана од културно-историските обележја на градот Скопје. Приказните настануваат на улиците на Пајко Маало во различни временски периоди. Преку ликот на сезнаечкиот наратор на стариот скопјанец Панајот, Мијаковска, симултано ги поврзува расказите во кохерентна целина што наликува на новела. Преку ваквата прозна постапка, авторката прави сопоставување на сликите од минатото и сегашноста, стариот и новиот град, старите скопски легенди и новите урбани приказни создадени во дланките на денешното Скопје.

Книгата „Приказни од Пајко Маало“ е објавена со финансиска поддршка на Град Скопје.