За време на својот живот Хари Худини успеа да преживее неверојатни ситуации, тој бил закопан жив, затворен во кофчег и фрлен во река, облечен во лудачка кошула сам скокнал во смрзнувачко езеро и биле фрлен наопаку во резервоар за вода.
Сето ова можеби сте го знаеле за него, но еве што можеби не сте.
Од најрана возраст бил вешт во кршење брави, а веќе на деветгодишна возраст му се приклучил на циркусот. Тој бил оценет како одличен трапезист и акробат. Малку подоцна, се појави неговата љубопитност за можностите за бегство од најразлични ситуации.
Многу брзо Худини станал познат по успешното ослободување од железните окови и јажиња.
Во 1900 година, Худини ја започнал својата прва официјална европска турнеја и изведувајќи разни трикови и бил познат како одличен забавувач. Тој верувал дека причината за неговите способности е неговата сила и фокус.
Како одминувало времето, тој се вклучувал во сè поопасни настапи. По 1908 година, неговите волшебни шоуа биле хорот за публиката. Најпознат е секако трикот во кој тој беше заклучен во железен оклоп и фрлен во резервоар за вода од кој требало да излезе сам. За три минути излегол жив и здрав.
Според официјалната верзија, Худини починал на претстава на 24 октомври 1926 година во театарот „Гарик“ во Детроит. Неговата смрт наводно ја предизвикал канадски студент Ј. Гордон Вајтхед, кој за време на трурнејата на Худини, на претходното шоу во Монтреал, тврдел дека илузионистот, кој во тоа време бил на врвот на славата, не може да го издржи ударот во стомакот и дека сите приказни за неговата издржливост на болка се лага. Самоуверениот Худини, кој спортувал и секогаш др фалел со своите „плочки“ на стомакот, сè уште не подготвен за ударот добил неколку удаари од предизвикувачот кој го удирал со целата сила. Големиот Худини се згрчил од болка и паднал, а починал една недела подоцна. Се верува дека добил воспаление на слепо црево и од тоа починал. Последните негови зборови биле „Уморен сум од борба“.
Според друга теорија, што не е официјално потврдена тој бил отровен од група спиритуалисти кои му подметнале отров затоа што ги исмејувал нивните шоуа на повикување духови и јавно ги нарекол преваранти.