Oва е најдобрата земја за живеење во 2021 година

ПАТУВАЊА SLIDE

Според листата што ја објави американската медиумска компанија „U.S. News end World Report“, најдобра земја за живот во 2021 година била Канада.

За да се направи ранг-листата „Најдобрите земји за живот, 2021 година“. биле анкетирани вкупно 17.326 лица од 36 земји на четири континенти – Америка, Азија, Европа и Африка, а биле рангирани 78 земји од целиот свет.

Канада била прва според квалитетот на животот и социјалната политика. Таа имала добар пазар на труд, се грижела за човековите права и се залагала за социјална правда. Канада исто така се смета и за некорумпирана земја каде што се почитуваат правата на сопственост.

Канада добила и најголеми признанија за областите како образование, квалитетен пензионерски живот, животна средина и здрав начин на живот.

Исто така, таа го земала и првото место кога станува збор за општествено одговорниот бизнис, второто место за расната еднаквост и шестото место за развој на претприемништвото.

Извештајот се прави и објавува секоја година, а во 2020 година прва беше Швајцарија. Според објавената листа во првите 10 за оваа година, покрај Канада се: Јапонија, Германија, Швајцарија, Австралија, САД, Нов Зеланд, Велика Британија, Шведска и Холандија.