Популарниот композитор Тоде Новачевски кој на јавноста ѝ е познат по многубројните хитови кои ги направи за сестринското дуо, близначките Маријана и Росана, ја изгуби битката со тешката болест, карциномот.
Веста дека починал ја потврди и Росана, простувајќи се со него со емотивна порака.
Новачевски е роден во Битола во 1956 година, со години живееше во Мелбурн, Австралија. Остави голема трага во македонската музика, со безвременските хитови во изведба на дуото Маријана и Росана.
Тој е творец на „Признавам“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“.„Свири ми брате цигане“, како и на музиката за серијата „Трст виа Скопје“.