Поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство

ИНФОРМАЦИИ

Од вечерва на полноќ цената на дизелот се намалува за два денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар. Цената на бензините останува иста.

Според новата одлука на Регулаторната комисија, малопродажната цена на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81,5 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 85,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа новата цена ќе биде 56,130 ден/кг.