Додека два гулаби си стоеле на една гранка, разбојници недалеку од нив запалиле куќа на некој чесен човек.
Едниот од гулабите веднаш полетал кон реката, земал со клунот вода колку што може и побрзал кон куќата да го гасне пожарот. Откако го направил тоа, продолжил повторно по истата релација уште многу пати, а бидејќи клунот му бил многу мал и не можел да донесе многу вода, неговото дело немало никаков ефект врз пожарот.
Другиот гулаб пак мирно продолжил да си стои на гранката и го гледал својот пријател како бесцелно се обидува да го изгаси пожарот.
По некое време му здосадило и одлетал кон реката и својот пријател.
„Зошто го правиш ова кога нема смисла? Само една капка вода можеш да носиш со клунот. Никогаш нема да го изгаснеш пожарот“, му рекол на својот пријател кој повторно дошол по вода.
„Јас знам дека сам не можам да го изгаснам пожарот, но сакам да се знае на чија страна сум – му одговорил првиот гулаб и повторно со капка вода во устата полетал кон запалената куќа.