Приказната на оваа жена може да биде само инспирација: Ќе лета во вселената на 82 години заедно со Безос

ПАТУВАЊА SLIDE

82-годишната Вејли Фанк на 20. јули ќе патува во вселената заедно со Џеф Безос. Со ова таа ќе биде најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата „Блу Ориџин“.

Таа ќе биде четвртиот патник на првиот лет организиран од компанијата за вселенски туризам, а покрај екипажот во тој лет ќе бидат и милијардерот Безос, неговиот брат Марко Безос и победникот на аукцијата чие име сè уште не е објавено.

Во 1960-тите, Фанк била учесник во програмата позната како „Меркур 13“ за испраќање на првите Американци во вселената, во која група од 13 жени биле подложени на истите тестови како и машките астронаути избрани како дел од програмата „Меркур“ на НАСА.

„Ми рекоа дека ја завршив работата подобро и побрзо од кој било човек“, вели Фанк во видеото објавено на Инстаграм профилот на Џеф Безос.

-Им велев дека сакам да бидам астронаут. Но, никој не ме сакаше. Не ни помислував дека еден ден ќе отидам таму. Никој не чекал толку долго – напиша Безос во својата објава.

-Mи велеа, девојко ти не можеш да го направиш тоа. Им вратив, знаете што, луѓето можат да прават било што ако сакаат, а јас сакам да правам работи што никој до сега не ги направил“, вели жената на која ѝ се исполни сонот.

На прашањето на Безос, што ќе биде првото нешто што ќе го рече, откако ќе се пристигнат во вселената, таа возбудено одговориЧ

Ќе кажам „Душо, ова е најдобрата работа што ми се случила“.