Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон по смртта на кралицата Елизабета станаа милијардери

ПАРИ

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон станаа милијардери по смртта на кралицата Елизабета. Имено, овој пар од кралското семејство oсвeн штo доби нови титули по смртта на кралицата Елизабета Втора доби и богатство.

Принцот Вилијам ги наследи поранешните титули на кралот Чарлс. Освен што се војводата и војвотката од Кембриџ, тие сега се и принцот и принцезата од Велс, како и војводата и војвотката од Корнвол.

Богатството на Вилијам беше проценето на околу 40 милиони долари, а сега драстично скокна за цели 1,3 милијарди долари.

Војводството Корнвол доаѓа со огромно земјиште од околу 52.000 хектари што опфаќа 20 окрузи во Англија и Велс, што опфаќа обработливо земјиште, делови од Националниот парк Дартмор, терени за крикет, па дури и затвор.

Она што е интересно е дека поголемиот дел од земјиштето воопшто не е во Корнвол.