Британскиот милијардер Ричард Бренсон ја оствари животната желба и одлета до работ на вселената.
Денеска со ракетен авион на неговата компанија „Вирџин Галактик“, Бренсон се искачи во височините, оставајќи го хоризонтот на Земјата во далечината.
Милијардерот Бренсон летна од Ново Мексико, САД со авионот што го усовршуваше 17 години.
На височина од 89 км, по неколку минути бестежинска состојба, си се врати на Земјата.
Со Бренсон летаа двајца пилоти, Дејв Мекај и Мајкл Масучи и тројца вработени во „Галактик“, Бет Мозес, Колин Бенет и Сириша Бандла.