Започнаа со работа првите две бензински станици под брендот Shell во земјава, лоцирани на автопатот Пријателство, кај Смоквица, близу границата со Грција под раководство на Корал Фуелс ДООЕЛ Скопје, како подружница на Coral S.A.
Корал Фуелс влегува на пазарот во Северна Македонија преку обезбедување долгорочни договори за лиценца на брендот Shell. Договорот вклучува поддршка и трансфер на „know-how” поврзани со горивата, примена на нови технологии, воспоставување услуги и маркетинг со високи стандарди.
На бензиските станици ќе бидат достапни бензинот Shell Fuelsave Unleaded 95, безоловен бензин 98-октански V-Power и Shell Fuelsave Diesel.