„Спајдермен“ чисти ѓубре покрај морето во Индонезија

ПОЗИТИВНО SLIDE

ФОТО: АНАДОЛИЈА

Руди Хартоно со години го чисти ѓубрето од бреговите покрај морето во Индонезија, облечен во костум на суперхерој, пренесе Анадолија.

За денот на планета земја тој облечен во костумот на познатиот стрип, цртан филм и филмски суперхерој Спајдермен, го чистеше крајбрежјето во градот Парепаре во провинцијата Јужен Сулавеси, Индонезија.

Хартоно се надева дека на овој начин ќе го сврти вниманието на луѓето кон заштитата на животната средина и ќе се престане со фрлањето ѓубре во морињата.