Убедливо најдобрата и најкратката лекција за стресoт: Запомнете ги овие зборови и оставете ја чашата

ПОЗИТИВНО

Еден психолог им го одржал следното предавање на своите студенти:

„Секојдневно се соочуваме со предизвиците и препреките, што ни помагаат да растеме и да учиме и кои нѐ дефинираат. Но, кога стресот ќе навлезе во нашата психа, тој може и други работи да ги направи невозможни. Дури може да нѐ запре и да нѐ спречи да направиме работи што треба да се направат“.

Потоа тој истурил вода во една чаша и држејќи ја во една рака ги прашал своите ученици: „Колку е тешка оваа чаша вода?

Учениците давале различни одговори:

„Два децилитри“, „Три децилитри“, „Пет децилитри“…

Професорот им одговорил:

„Апсолутната тежина на оваа чаша е ирелевантна. Зависи колку долго ќе ја држам. Ако ја држам една минута, ништо нема да се случи. Ако ја држам еден час, ќе почне да ме боли раката. Ако ја држам цел ден, раката ќе ми се вкочани и ќе ми остане во таа положба уште некое време, а ако ја држам подолго од еден ден, потоа ќе биде вкочанета. Значи тежината на чашата не е променета, но колку подолго ја држам, толку повеќе станува потешка.

Стресот и грижите во животот се како оваа чаша вода. Ако размислувате за нив некое време, тогаш не се проблем. Ако за тоа што ве нервира размислувате малку подолго, тогаш тоа почнува и да боли. Ако мислете за тоа цел ден, нема да можете да направите ништо друго. Затоа запомнете: Подобро оставете ја чашата“.