Секој од нас се обидувал да направи некакви опасни потези како дете, но ова 5 годишно девојче од Кина е мајстор во својот занает.
За 53 секунди таа направи дури 80 салта, или 82 според некои, бидејќи тешко е дури и да се изброи.
Ли Јиамин живее во северниот кинески град Ксинжу, а тренер ѝ е нејзиниот татко, кој се занимава со подучување на боречки вештини. Започнала да тренира на 4 годишна возраст и оттогаш вежба по 2 часа на ден.
Видеото од нејзините салта стана вирално со повеќе од милион прегледи на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук.