Jaпонски дом за стари лица вработува деца, од бебињата до три години, за да им прават друштво на нивните корисници затоа што, како што велат, тие се добро друштво. Работата на овие деца е да предизвикаат насмевка на лицата на возрасните и да ги развеселуваат.
„Вработените“ деца немаат работно време, единствениот услов е нивните законските старатели секогаш да бидат присутни. Бебињата можат да доаѓаат и да си одат кога сакаат, а платата ја добиваат во вид на пелени, храна за бебиња, бесплатно фотографирање и ваучери за кафулиња.
Досега 32 бебиња им помагале на жителите на домот за стари лица.
Менаџерката на домот за стари лица, Кимие Гондо, ја вовела оваа идеја во 2020 година, кога го однела сопственото дете на работа и забележала колку жителите биле ентузијасти. Така, до денес се вклучени 32 бебиња кои „работеле“ во домот и помагале во згрижувањето на 120 лица во установата.
– Дури и оние кои порано беа нерасположени или постојано имаа мрзеливи лица, сега се насмеани и изгледаат многу среќно кога ќе дојдат бебињата – вели Гондо.