Рeцепт за чудотвoрен лек стар 2.500 години: „Moнашките капки“ спречуваат срцев удар, склероза, мигрена, висок крвен притисок…

ЗАБАВА FEATURED 2

Во урнатините на еден стар тибетски храм, експедиција на УНЕСКО во 1971 година пронашла рецепт за здравје напишан на глинени плочи. На плочите било напишано и како се користи овој лек, што според проценките е стар над 2,5 илјади години.

Рецептот е преведен на речиси сите светски јазици, а многу истражувачи тврдат дека овој рецепт е одговорен за долговечноста и здравиот живот на луѓето во Тибет. Кога ќе слушнете за што се работи, веројатно нема да се изненадите, бидејќи тој е природен антибиотик и едно од најлековитите растенија во светот.

Се вели дека доколку точно се следат упатствата, овој рецепт за лекот наречен уште и „Монашки капки“ го подмладува целото тело и брзо го зајакнува имунитетот, спречува срцев удар, склероза, мигрена, висок крвен притисок… Се прави на следниот начин:

Исчистете, измијте 350 гр. лук и истолчете го со дрвен или глинеен толчник. Добиената смеса потоа ставете ја во сад со 300 мл. најмалку 75 проценти алкохол. Садот добро затворете го и оставете го да стои на ладно место 10 дена. После тоа, целата маса процедете ја низ крпа. Добиената течност ставете ја во соодветен сад или шише, затворете ја и чувајте ја на ладно место 2 до 3 дена, по што започнете со третманот.

Важно е вашиот лук да не допира метал (метални садови, лажици) во ниту една фаза на подготовката.

Во 50 мл млеко на собна температура со капкалка ставете го потребниот број капки од добиената течност по овој рецепт:

Ден 1 – појадок 1 капка – ручек 2 капки – вечера 3 капки

Ден 2 – појадок 4 капки – ручек 5 капки – вечера 6 капки

Ден 3 – појадок 7 капки – ручек 8 капки – вечера 9 капки

Ден 4 – појадок 10 капки – ручек 11 капки – вечера 12 капки

Ден 5 – појадок 13 капки – ручек 14 капки – вечера 15 капки

Ден 6 – појадок 15 капки – ручек 14 капки – вечера 13 капки

Ден 7 – појадок 12 капки – ручек 11 капки – вечера 10 капки

Ден 8 – појадок 9 капки – ручек 8 капки – вечера 7 капки

Ден 9 – појадок 6 капки – ручек 5 капки – вечера 4 капки

10-ти ден – појадок 3 капки – ручек 2 капки – вечера 1 капка

11 ден – појадок 25 капки – ручек 25 капки – вечера 25 капки

Продолжете да земате по 25 капки 3 пати на ден се додека не ја потрошите целата течност во садот. Третманот се препорачува да се повтори по пет години. Пред да започнете со земање на тинктурата, особено ако земате други лекови, информирајте го вашиот лекар.