Во потрага по интересни техники за фарбање на велигденските јајца пронајдовме две кои во моментот се најпопуларни.
Замислете полни чинии со златни и сребрени велигденски јајца? Тоа ќе биде најгламурозниот детаљ од празничната трпеза!
Еве како да направите сребрени јајца:
Ќе ви бидат потребни: варени јајца, алуминиумска фолија, белки или органски лепак.
Подготовка: сварете ги јајцата и оставете ги целосно да се оладат. Исечете мали парчиња од алуминиумска фолија. Во посебен сад, лесно изматете ги белките или користете лепак направен од вода и брашно. Потоа намачкајте го јајцето со белката или со направениот лепак од вода и брашно и веднаш залепете ја фолијата. Оставете ги да се исушат и толку е. Не може да биде поедноставно!
Златни јајца;
Потребни ви се кафеафи јајца и златна течна боја за јајца.
Најпрво добро измијте ги јајцата со сунѓер и течност за миење садови. Потоа сварете ги во солена вода. Откако ќе се сварат, треба да се оладат и добро да се исушат. Ставете ја течната, златна боја за јајца на вашите дланки и валајте го јајцето меѓу дланките едно по едно за да добиете доволно златна боја. Направете го тоа двапати за да ја направите бојата „поживописна“.