„Охо“ продукција ја најави новата македонска серија „Куќен притвор“, во која главната улога ќе ја има инспекторот Томе од „Преспав“. Серијата ќе се прикажува на Македонската телевизија, а се фокусира на животот и семејството на корумпираниот инспектор од пансионот на браќата Бузалевски.
Главните улоги во новата серија ги глумат Горан Стојановски, Ирена Ристиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Јована Спасиќ и Зоран Љутков.