(ВИДЕО) Не е за оние со слабо срце: Најдолгиот мост за пешаци во Португалија

ПАТУВАЊА FEATURED 2

Жителите на португалскиот град Арока се надеваат дека новоизградениот најдолг висечки пешачки мост во светот ќе привлече многу туристи, иако со сигурност оваа импозантна градба долга 516 метри ќе ја тестира храброста на секој кој ќе се реши да ја премине.

Хуго Хавиер е еден од првите „среќници“ кој имаше можност да го помине најдолгиот висечки мост за пешаци во светот, што се наоѓа во близина на неговиот мал роден град Арока.

Сокриен помеѓу карпестите планини покриени со бујно зеленило, во рамките на Националниот парк Арока, геопарк заштитен од УНЕСКО, мостот виси на висина од 175 метри над брзата река Паива.

Областа е тивка, но предизвикот не е за оние со слабо срце.

Мостот виси на челични кабли врзани за бетонски столбови во форма на буквата „V“ и е долг 516 метри, а ако се одлучите да го поминете треба да знаете дека ќе ве лула на секој чекор.