(ВИДЕО) Овој морнар живее сам на напуштен брод: Сè што сакам е да се вратам дома

ПРИКАЗНИ FEATURED 1

Во последните четири години, морнарот Мохамед Ајша живее на напуштен товарен брод во близина на брегот на Египет. Откако екипажот го напуштил бродот тој е сосема сам.

„Сè што сакам е да се вратам дома кај моето семејство. Ве молам помогнете“, вели тој во разговор со Пол Адамс од Би-Би-Си кој во последните неколку недели е во постојан контакт со него.

Откако бродот бил закотвен на брегот на Египет во 2017 година, Ајша бил прогласен за управител на бродот. Тој ја потпишал наредбата без да знае што тоа точно значи. Властите му го земале пасошот и тој не може да се врати дома а бродот му станал затвор.

Тој плива до брегот на секои два или три дена за го наполни телефонот и да си купи храна и вода. Неговата судбина е неизвесна се додека бродот не се продаде или судот не одлучи што да прави со него, бидејќи сопственикот на бродот како и целиот екипаж се откажале.

Според Лојдс Лист во светот има повеќе од 250 напуштени бродови и бројот на ваквите ситуации е во пораст, но ситуацијата на Мохамед е една од најекстремните.

Тој откако ќе се види со неговото семејство, повторно би се вратил на работа, бидејќи сака тоа да го работи. Пред да му се случи целиот овој хаос, бил на чекор за да стане капетан. За жал во изминатите години, поточно пред две, починала мајка му, и нејзе веќе никогаш нема да ја види.