Спортoт создава приказни, а ова е само една од нив што ја обиколи планетата.
Фудбалерите на Зенит пред почетокот на натпреварот против Ростов излегоа носејќи кученца во рацете, а причината е навистина убава.
Имено, кученцата се сместени во блиското прифатилиште и се бараат нивни идни вдомувачи, а присутните обожаватели на фудбалот имаа можност да ги погледнат и според личните уверувања и желби да се одлучат да ги вдомат и на тој начин да им помогнат да ја доживеат „топлината на домот“.
„Зенит“ е познат по низа хуманитарни акции, а ова е одличен гест многу поголем и поширок од самиот фудбал!