Премиерот Зоран Заев и претседател на владејачката СДСМ вчера по неуспехот што го претрпе партијата на локалните избори на завршната прес-конференција по затворањето на гласачките места изјави дека поднесува оставка од двете функции.
– Ја преземам одговорноста за лошите резултати од овие избори, рече Заев и им ја честита победата на политичките опоненти.
Според Уставот, оставката на премиерот значи и оставка на цела влада, а мандатот за формирање на нова влада се доделува на мнозинството.
Според податоците објавени на Државната изборна комисија, по 98,59 % обработени податоци од избирачки места, во вториот круг од овие избори гласале 640.076 гласачи од 1.335.556 колку што има во избирачкиот список. Излезноста во вториот круг е 48,61 процент.
Во вториот круг од локалните избори Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници. Конечните резултати ќе бидат објавени денеска.