Ако имате мали црвени мозолчиња на грбот или на телото, тоа може да биде знак дека сте нетолерантни на глутен. Во многу случаи има појава и на егзема и псоријаза. Чешањето и сувата кожа се јавуваат како одговор на имунолошкиот систем кој произведува антитела, а главните симптомите на нетолеранција на глутен се постојан замор и проблеми со стомакот.
Сепак, ако непотребно ја исфрлите храната што содржи глутен од вашата исхрана доколку веќе ги имате овие симптоми, постои можност да си предизвикате дополнителни компликации како пад на вашата енергија, депресија….
Што треба да знаете за глутенот?!
Повеќето од нас слушнале за диетата без глутен, но колку всушност знаеме за глутенот? Се работи за леплива супстанца што ја има во скоро сите житни култури и се верува дека е причина за многу здравствени проблеми, особено оние поврзани со дебелината и проблемите со метаболизмот.
Многу нутриционисти ќе ви речат дека ако се откажете од глутенот, ќе решите поголем дел од вашите проблеми, но треба да бидете внимателни бидејќи има и некои популарни заблуди за глутенот.
- Диетата без глутен го подобрува варењето на храната?!
Не постојат веродостојни докази дека варењето на храната ќе се подобри ако го отстраните глутенот од исхраната. На крајот на краиштата, целосната елиминација на глутенот од исхраната подразбира значително намален внес на влакна, факт што може да го забави вашиот метаболизам и да влијае негативно на варењето на храната.
2. Глутенот е виновен за прекумерната тежина
Ова е уште една заблуда. Глутенот нема никаква врска со вашата тежина. Слабеењето зависи од квалитетот и квантитетот на храната, како и од начинот на живот. Ако не внимавате што и колку јадете, глутенот не е директниот виновник за вишокот тежина што ја имате.
3. Храната без глутен е поздрава
Храната без глутен содржи значително повеќе шеќер, сол, заситени масти и калории од обичната храна, така што ако без потреба одберете да држите диета без глутен можете и да се здебелите, затоа што непотребно во вашиот организам ќе внесете многу штетни материи.
Всушнот, вие можете само да го намалите внесот на глутен, но освен ако не сте чувствителни на него, не го отстранувајте целосно од вашата исхрана, бидејќи неговиот недостаток може да доведе до несакани ефекти и до недостаток на енергија, што ќе ве направи уморни и безволни.
Житарки кои не содржат глутен се: ориз, просо, пченка и киноа.
Исто така, глутен не содржи леќата, амарантот и леблебијата, кои по потекло не припаѓаат на родот на житни култури.
Глутен содржат сите произвиоди кои во својот состав имаат пченица, јачмен и ‘рж.
Во последно време постои глобална иницијатива сите производители на храна посебно да назначат во производите што ги произведуваат дали и колку има глутен. Ова пред се го бараат здруженијата на болните од целијакија, чии што членови најчесто се „алергични“ на глутен.
За овие луѓе, кои се алергични на глутен со поставена дијагноза, во нашата земја Фондот за здравство покрива дел од трошокот за безглутенско брашно. Исто така на пазарот постои брашно од елда (хелда) што е безглутенско и се користи како замена за обичното брашно. Во поголемите продавнци и маркети постои посебен дел за производи без глутен, но доколку немате потреба од редовна храна без глутен, овие производи можете да ги користите само ако сакате, а не морате.