Како да привлечете пари?! Еве што советува фенг шуи

ПАРИ FEATURED 2

Велат дека парите доаѓаат кај оние кои знаат како да ги привлечат. Според филозофијата на фенг шуи, но и други слични филозофии, постојат бројни, едноставни начини со чија помош се привлекуваат пари и ќе направат вашиот паричник да биде секогаш полн. Поентата е во паричникот да имате работи што привлекуваат позитивна енергија, а за почеток фрлете го стариот искинат паричник и купете си нов, по можност црвен. Во него треба да ги ставите овие работи, всушност имате неколку опции.

Сребрена паричка

Сребрената паричка во паричникот ќе привлече пари на многу начини. Прво, затоа што среброто е добро за привлекување пари, а второ, среброто е метал, што во филозофијата на фенг шуи претставува свежина, прецизност и јасност.

Покрај привлекувањето богатство, среброто е симбол на штедењето. Исто така, парите привлекуваат уште повеќе пари, па сребрената паричка е дефинитивно една од најдобрите работи што можете да ги ставите во вашиот паричник.

Нова банкнота

Кога, на пример, вадите пари од банкомат или ќе ви дадат понова банкнота, чувајте ја во вашиот паричник. Колку е поголема вредноста на банкнотата, толку подобро, но генерално, нема правило дали таа мора да биде со поголема вредност или со помала.

Според фенг шуи, таа ќе привлече позитивна енергија и уште повеќе пари.

Каменче

Камењата го претставуваат елементот на Земјата во фенг шуи и привлекуваат добра енергија и стабилност. Црните или зелените камења имаат уште поголема моќ , без разлика колкави се. Во вашиот паричник, се разбира, не треба да ставите голем камен, туку помал, кој се вклопува во паричникот без да прави дополнителни проблеми.

Зрна од ориз

Голем дел од човечката популација зависи од оризот, во смисла дека тој е еден од основните намирници во исхраната. Оризот симболизира добар живот и се верува дека го намалува импулсот за трошење пари.

Се препорачува да чувате 21 зрно ориз во вашиот паричник за да привлечете пари и од време на време да ги заменувате, за секогаш да привлекувате свежа енергија.

Морска сол

Во овој случај најважно е да биде морска сол, а не било каква сол. Завиткајте малку морска сол во парче фолија и ставете ја во паричникот. Се верува дека солта ја апсорбира негативната енергија во паричникот и со тоа „прави простор“ за позитивната енергија.