Во автобус што изгорел ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија, според првичните информации вкупно загинале 45 лица, а седуммина се хоспитализирани на Клиниката во Софија. Од загинатите, 12 биле деца, меѓу кои и две близначиња.
Во тек е истрага за автобусот на компанијата „Беса транс“ што се запалил, а бил дел од четирите автобуси кои ја реализирале оваа туристичка тура.
Овој автобус возел последен, влегол во Бугарија од Турција преку ГП „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 02 часот на автопатот „Струма“ на правецот Софија – Благоевград.
Од засега непознати причини, автобусот удрил во банкината на патот и му се запалил предниот дел по што целиот изгорел. Бугарските медиуми објавиле дека во тој момент патниците се стрчале кон средната врата за да избегаат, но успеале да се спасат само оние кои избегале од задниот дел и го скршиле стаклото и скокнале.
Во несреќата немало друг учесник.
Денешната автобуска несреќа е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија, коментираше денеска агенцијата Франс прес, пренесува АФП.