Вонемирен човек поднел обвинение против неколку телевизии затоа што емитувале премногу тажни филмови.
Како што вели тој, кога и да го пуштел телевизорот, било да е работен ден или викенд се некоја жена плачела, на нечие дете не му кажувале кои му се вистинските родители, некоја девојка ја мажеле за човек што не го сака, a многу момчиња не можеле да се оженат со девојките кои ги сакале поради многу причини.
-Ми доаѓа да го скршам телевизорот, шеќерот ми е на граница, а притисокот 200. Кога и да го пуштам телевизорот се некоја баба се појавува и крие некоја тајна, или девојка се мажи на сила, или се случува некоја трагедија, на некое дете не му кажуваат кои му се вистинските родители или не му кажуваат кој му е вистински татко, таткото пак заминал по некоја работа и не се вратил, a многу момчиња не можат да се оженат со девојките кои ги сакаат поради многу причини. Па и кога ќе се појави некој, многу богат и прави што и да посака, тогаш дефинитивно еднаш, го скршив телевизорот, вели тужителот.
Неговаата сопруга веднаш купила нов телевизор, оти телевизорот е местото каде што се собира семејството да одмори, а и наредниот ден требало да им дојдат гости, па што ќе речеле ако ги видат без телевизор.
-Зарем од толку филмови што се снимаат по светот, нема ли од тие што во 45 минути го наоѓаат убиецот, крадецот… и среќно завршува секоја епизода, или од тие што прават домови во 20 минути, или пак лечат некој тешко болен за само неколку дена. Треба ли јас да гледам секој ден трагедии што не завршуваат и по 200 епизоди, уште па кога во најважното ќе ти пуштат реклами, значи еднаш се онесвествив, раскажува човекот за она што му се случува.
Тој им порача на телевизиите дека ако им требаат донации за да купат и да пушаат посреќни филмови слободно нека побараат, само нека прекинат да даваат тажни филмови.
Содржината на оваа вест служи за забава. Објавеното во неа не треба да се сфати сериозно. Секоја сличност со било што и било кого не е намерна.