Втора успешна трансплантација на срце

ПОЗИТИВНО SLIDE

 Неколку часа по полноќ на Клиниката за кардиологија зачукало ново срце на 27-годишно момче од донор од девојка на слична возраст која починала како последица од сообраќајка.

Министерот за здравство Венко Филипче за МИА потврдил дека операцијата е успешна.

-Срцето е прифатено, пациентот постепено се буди, истакна Филипче.

-Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше. Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги, напиша пред малку министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.