Вака Ерих Ремарк зборуваше за љубовта: Незаборавни цитати што ќе ви го разубават денот!

ЛИТЕРАТУРА FEATURED 1

Ерих Марија Ремарк е германски писател чие пенкало ги напиша некои од најубавите зборови за љубовта. Во неговите книги љубовта е страсна, целосна и бесмртна. Тој е автор на „Искра на животот“, „На запад ништо ново“, „Триумфалната порта“, „Тројцата воени другари“… а важи за огромен противник на војната и нацизмот.

Овие реченици ќе ви го разубават денот:

„Некоја личност може да ти стане блиска за три дена, а постојат и такви кои со години ќе живеат со тебе, а нема да знаат ниту која ти е омилена боја“.

„Кога ќе го пронајдеш твоето, во туѓото нема ни да ти се гледа“.

„Најбезбедна работа на Земјата е љубовта на жената. Само еден погрешен чекор, збор, поглед и веќе ништо нема да може да се обнови“.

„Извинувањето не значи дека не сте во право, или дека другата личност е во право. Тоа само значи дека вредноста на вашата врска е поважна од сопственото его “.

„Ако душата ве привлекува кон некого, не воздржувајте се. Таа најдобро знае што точно ви треба“.

„Да останеме пријатели? Да посадиме мала зеленчукова градина на изладена лава од умрени чувства? Не, тоа не е за нас. Тоа се случува со мала интрига, но дури и тогаш се покажува дека е лажно. Љубовта не познава пријателство. Крајот е крај“.

„Ниту еден човек не може да ти стане поголем непознат од оној што си го сакал во минатото“.

„Љубовта не толерира објаснувања. Ѝ требаат дела“.

„Момче, запамти го ова: никогаш, никогаш и никогаш повеќе нема да бидеш смешен во очите на жената ако направиш нешто за неа“.

„Жената треба да ја обожаваш или да ја напуштиш. Сè друго е лага “.

„Обидот да заборавиш некого значи дека засекогаш ќе го паметиш“.

„Првата личност на која ќе помислите наутро и последната личност за која размислувате навечер е или причина за вашата среќа или причина за вашата несреќа“.

„Не сте совршени и не треба. На совршените нешта, местото им е во музеј.“