Академик Богомил Ѓузел е поет, раскажувач, драмски писател, есеист, припадник на третата повоена генерација македонски писатели, онаа генерација што се појавува во втората половина на педесеттите години на дваесеттиот век.
МАНУ денеска објави дека тој почиинал по кратко боледување.
ВЕЖБА ЗА ДИШЕЊЕ
Отфрлив
и ме отфрлија
на 40 години да станеш Робинзон
е сепак нешто
И уште треба да се отфрла
од себеси, од другите, од светот
Да се создаде празен простор
не е баш лесно
да се оградиш
не со ѕидови туку со филтри –
да го истуркаш сиот воздух од градите
и да издржиш така колку што можеш
да бидеш центар во циклонот
за – кога ќе се втурне ветрот
жеден по вакуумот во тебе –
да успеат низ ситата да влезат
само неколку нешта
можеби поезија
Само така ќе го просееш светот.