Убавите мисли на Иво Андриќ

ЛИТЕРАТУРА FEATURED 1

На денешен ден, 1975. во Белград умрел Иво Андриќ, еден од најголемите писатели на поранешната СФР Југославија. Освен песни во проза ги напишал и прочуените романи „Мостот на Дрина“, „Травничка хроника“, „Госпоѓица“. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1961 година, а целата сума од оваа награда ја донирал на библиотекарскиот фонд на Босна и Херцеговина.

Роден бил во селото Долац, кај Травник, на 10 октомври 1892 година.

-Најголема будала не е оној кој не знае да чита, туку оној кој мисли дека сѐ што ќе прочита е вистина.

-Чудно е колку малку ни е потребно да бидеме среќни и уште почудно е како баш тоа малку ни недостасува.

-Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а ку*вата ќе се обогати.

-Убавата душа подлабоко липа.

-Љубовта, ако е искрена и длабока – лесно простува и заборава.

-Мирот и спокојот, се единственото богатство и најголемо достоинство за скромните и без временски луѓе.

-Младоста е среќна доба во која човекот почнува да верува во себе, а се уште не престанал да верува во другите.

-Многумина го постигнуваат она што го сакаат, а при тоа се губат себе.

-Можеби на почетокот имало други мотиви, но денес царува стравот. Од страв се луѓето сли, сурови и подли; од страв се дарежливи и добри.

-Ништо повеќе не ги зближува луѓето, од среќно преживеана несреќа.

-Од своето потекло и детство не може лесно да се побегне.

-Секој вистински живот е убав и тежок.

-Во земјата на омразата најмногу е мразен оној кој не знае да мрази.

-Заразна е и разорна моќта на лагата.

-Жената стои како капија, на влез и излез од овој свет.

-Животот ни го враќа она што им го даваме на другите.

-Животната сила на еден човек се мери, покрај другото и според неговата способност да заборави.

-Ништо не е потешко ниту пострашно од тоа да го гледаш светот околу себе со очите на поранешна убавица.

-Околу убавината секогаш е или мракот на човечката судбина или сјајот на човечката крв.

-Прекорувањата помеѓу старите и хармонични сопружници се безопасни, без острина, не се судираат туку се лизгаат како оние каменчиња кои реката во текот на годината ги заоблила и ги светнала со совршенство, така што повеќе врзуваат неколку луѓе отколку што ги делат.

-Раната која се крие, споро и тешко зараснува.

-Слабите и плашливи луѓе стравот ги наведува да го прават она од кое најмногу се плашат.

-Во ѕвезденото небо и во човековото срце никогаш човек нема да може да се изнагледа.

-Што не боли – тоа не е живот, што не поминува – тоа не е среќа.

-Во животот се плашевме од толку многу нешта. А не требаше. Требаше да живееме.