„Ако жените управуваат со светот, нема да има војни“ – е само една од многуте поговорки што им одат во прилог на жените – владетелки.
Како и да е, факт дека тоа не се само празни зборови е примерот на племето Мосуо, кое живее во Кина и е познато како кралство на жените, а можеби е и последниот матријарх на светот.
Мосуо е мала етничка група која живее во провинциите Јунан и Сечуан во Кина, во близина на границата со Тибет. Се состои од околу 40.000 жители, од кои многу живеат во регионот Јонгнинг, околу езерото Лугу, сместено високо на Хималаите.
Племето Мосуo има прилично долга историја, што датира уште од пред 2000 години. Она што е специфично за ова племе е дека тие секогаш ја негувале традицијата и културата на матријархатот. Имено, во ова племе, жените се тие кои ги носат одлуките и се на чело на семејството.
ФОТО: АГЕНЦИИ
Секое семејство во ова племе обично има 10 или повеќе членови, но целиот имот е секогаш во сопственост на жените. Тие практикуваат еден вид „отворен, либерален брак“, каде што на жените им е дозволено да имаат партнери колку што сакаат.
Всушност, тие не се обврзуваат со класичен брак, но мажите, кои жената од Мосуа ги посакува, треба да дојдат во нејзината куќа, каде што ја минуваат ноќта со неа, а пред да се раздени мораат да си заминат. Ако жената не сака повеќе да биде во врска со нејзиниот љубовник, таа симболично става машки чевли пред нејзината врата, давајќи му до знаење дека неговото место е пополнето.
Ако од таа врска се роди дете, него го воспитува семејството на мајката и детето го добива нејзиото презиме.
Патем, во минатото ова племе било прилично изолирано и речиси и да немало контакт со надворешниот свет. Сепак, во последниве години тие станаа позната туристичка дестинација и полека се отвораат за светот. Покрај тоа, се покажале дека се многу гостопримливи.
Во ова племе мажите немаат некои посебни одговорности, но затоа тие не работат и одмараат по цели денови, сè со цел да бидат одморени за ноќните посети. Нивната единствена работа е поврзана со добитокот и риболовот.
Жените од ова племе никогаш не се мажат и немаат никакви класични брачни церемонии. Всушност, во нивната култура и традиција, да се има само еден партнер е непочитување кон нивните предци и традицијата. Затоа на нивниот јазик нема зборови за татко или сопруг.
ФОТО: АГЕНЕНЦИИ
Ова племе стана интересно за светот поради неколку работи, а една од нив е либералната врска, каде жената го избира својот љубовник без да мора да живее со него под ист покрив. Жените од Мосуа не веруваат во брак, барем не во институцијата брак каква што ние ја познаваме, а мажите немаат право на имот и живеат во куќите на нивните мајки до крајот на животот.
Тие секоја вечер одат кај жените кои ги поканиле, остануваат таму цела ноќ и пред зори се враќаат во куќата на нивната мајка. Интересно е што никој од нив врската со жената не ја сфаќа сериозно. Имено, кога веќе не сакаат да се дружат, односно кога жената повеќе не сака да го повикува својот љубовник во куќата, прекинуваат мирно, без суд и без развод.
Она што е специфично за оваа заедница е дека маж и жена можат да бидат дури и во долга врска, но нивниот имот никогаш нема да биде заеднички, бидејќи сè што е материјално е во сопственост на жените. Покрај тоа, по смртта мајките целиот свој имот им го оставаат на своите ќерки, никогаш на своите синови, иако им е дозволено да живеат во куќите на мајките.
Татковците имаат минимален контакт со нивните деца, а најголем машки модел за овие деца се вујковците, кои имаат подобра позиција во ова општество од биолошкиот татко.
Според правилата на племето, девојчињата не смеат да носат здолниште до нивната 13. година кога официјално се вовоедуваат во друштвото и од мајките добиваат посебна соба во која ги канат своите мажи. Жените никогаш не прават интимни муабети со мажите, бидејќи тие теми исклучиво се за жени.
Исто така, кога жена од племето сака да ја посети некој маж, таа вечерта ќе му ја остави вратата отворена.
За децата се грижат вујковците и тие играат поголема улога во нивниот живот од биолошките татковци. Вујковците се грижат за децата на своите сестри, а кога тие нема да можат, за нив се грижат роднините.
Иако интересот на туристите за ова племе е зголемен во последните години, жените од Мосуа никогаш нема да бидат со „странец“, туку само со маж од нивното племе. Исто така, она што е специфично за нивната култура е што никогаш не ги напуштаат старите и изнемоштени лица, туку за нив се грижат до самиот крај.
Племето Мосуа, и покрај новите надворешни влијанија, е сепак многу силна заедница и членовите на племето секогаш се ставаат на прво место, пред странците и туристите. За разлика од остатокот од Кина каде женските деца претежно не се посакувани, овде ќерката е поценета од синот.