Пролетната рамноденица носи доминација на енергијата на првите три знаци на зодијакот: Овен, Бик и Близнаци. Тие знаци настојуваат да си го подобрат личниот развој и опстанокот на планетата. Ова е време за нови почетоци! Се активира енергијата, а животот е подготвен за засадување нови семиња што ќе ја одредат годината.
Во периодот што следува Овенот покажува кој е, а неговото изобилство на енергија шири семе за нови почетоци. Бикот пак ја користи приликата да каже кој е и ја користи својата енергија на практичен начин, започнува да гради стабилна основа за удобност. Близнаците размислуваат за тоа кои се, го активираат умот и ги поврзуваат своите мисли со мислите на другите.
Ова е време за индивидуалност и за постигнување на оние цели што ви се блиски до срцето.
Исто како што земјоделците знаат дека со засадување на своите култури на пролет, ќе имаат жетва на есен, што пак ќе им помогне во тешките месеци да преживеат, ова е период од годината кога треба да се фокусирате на сè ново што се појавува.
Дозволете вашиот дух да биде слободен и активно создадете го новото поглавје во вашиот живот што ќе ви го отвори патот кон среќните времиња што Ве очекуваат.
Најдоброто ќе го искористите овој период од годината ако се подготвите да ги истражете новите хоризонти и да се обидете со некои нови работи. Размислете и за состојбата со вашите финансии и испланирајте што можете да направите за да ги зголемите или стабилизирате.
Откријте како општеството размислува и добива информации и кои нови социјални врски можат да го подобрат вашиот живот во следниот период. Научете нешто ново и проширете ги своите способности.
Времето е сè. Искористувајќи ја можноста во вистинско време, ќе постигнете голем успех. На пример, кога има плима, не е добро време да сурфате. Правилата што природата ги поставила функционираат секој ден. Работејќи со нејзиното темпо, можеме да се вклопиме во природниот свет и да ги искористиме тие циклуси за наше добро.
Направете список на Вашите најдобри три квалитети што би сакале да ги имате или да ги подобрите. На пример, храброст, практичност, логика, интуиција, чувствителност, пријателство, добра комуникација, заземање став за себе, љубов, самодисциплина, одлучност, флексибилност… било кои три квалитети што би сакале да ги подобрите од овој момент.
Откако внимателно ќе ја разгледате вашата листа, изберете ЕДЕН од трите квалитети што би сакале да го зајакнете. Запишете на хартија четири случаи каде овој квалитет може да предизвика важна промена во вашиот живот, според вашите желби.
Кога ќе бидете во друштво со Вашите пријатели, направете еден мал експеримент. Прочитајте го квалитетот што сакате да го подобрите (на пример: цврст карактер). Секој од присутните (вклучително и вие) треба прво да го каже своето име а потоа да потврди „_ има квалитет _ цврст карактер“. Ставете го листот под вашиот душек за спиење. Повторувајте го ова секоја вечер и секое утро.
Во следните три дена, свесно покажете го квалитетот што го подобрувате во вашете секојдневно животно функционрање. Природата нека ви биде пример, таа не прави отстапки. Нека биде по еден пример дневно, трите што ги избравте во наредните три дена. На крајот на циклусот проверете ги резултатите.
На денот што го означува почетокот на секоја од четирите сезони низ историјата, луѓето се собирале во групи за да го прослават почетокот на новиот циклус. Ритуалот за подобрување на животот на секој почеток од новото годишно време може да се направи сам или како дел од група која може да ги поттикне промените преку заеднички средби.
Користејќи го природно одбраното време, соработуваме со животот, кој знае кога треба да бидеме повлечени, а кога да тргнеме напред кон успех. Времето за тргнување во акција може да се искористи за работи кои ни се важни.