Moите родители живеат на село и земаа да чуваат куче…

ЗАБАВА FEATURED 1

Моите родители живеат во село летово земаа да чуваат куче.

Веднаш отидов да ги посетам и да го видам кучето, па случајно го снимив „разговорот“ помеѓу татко ми и кучето.

Разговорот оди буквално вака:

„Ајде јади па ќе те однесам да го видиш дворот. Гледај таму каде што ти покажувам, таму имаме две кози, две јариња, кокошки и мисирки. Ќе ти биде лесно со козите, ќе ти се чудат ден-два, а потоа нема проблем. А јарињата, ова е поголемо, само на прв поглед изгледа слатко. Грдо е, роговите му се како на бик. Тоа сака да се бори. Но, не се вознемирувај, не сака со тебе, се бори само со другото јаре. Немој да ги бркаш кокошките и особено не да ги јадеш јајцата, иако долго време не снеле јајце. Петелот сака да брка, покажува дека е маж и не му посветувај внимание. Исто така немој да се караш со мисирките. Имаат по 25 кг, па кога ќе ги рашират пердувите… дури и Снежана (сопругата) бега од нив. Само гледај да бидеш пријателски настроен кон нив. О, имаме и зајак. Не е наш, на Мики е (на комшијата), но тој постојано доаѓа кај нас, ваеројатно имаме поубава трева. Не вреди ни да се обидеш да го бркаш, ќе ти избега. Разбра?! Ајде сега да одиме“.

Извор: Исповед.ком