Стресот и напнатоста можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето на луѓето, особено ако не практикувате начини да се ослободите од нив, како на пример, спрот, пешачење….
Последен хит во светот се анти стрес собите, а една таква има и во Скопје, објави Женски магазин.
Пред да се влезе во собата се облекува заштитна опрема, а потоа се крши стакло, керамика и други предмети со чекан или со палка. Токму ова го нуди местото Smash It Up, во центарот на Скопје на улицата Орце Николов. „Дојдете, скршете, ослободете се од стресот“ е девизата на ова уникатно место.
Ова задоволство чини 650 денари за индивидуален пакет, или тандем пакет за двајца за 1200 денари. Од вас зависи дали предметите ќе ги скршите за три или 20 минути, всушност тоа ќе зависи од тоа колку сте лути и напнати. За „Женски магазин“ сопственикот на ова место вели дека до идејата доѓол сосема случајно.
– Сосема случајно, на Јутјуб видов дека постојат вакви места, уште пред 3-4 години, и си реков ова личи интересно и нешто што го нема кај нас, но тогаш немав храброст да почнам нешто ново. Се случи кризата во Ковид, останав без работа и решив дека сега е вистинскиот момент да почнам со нешто свое. Фирмата постои од август во 2020, а официјално почнавме со работа од 3 март годинава“, вели Горан Бошковски, кој грантот за да го започне бизнисот го добил го добил од фондацијата ПСМ/YES.