Шпанската архитектонска фирма „SelgasCano“ стои зад неколку интересни проекти низ целиот свет – од салите „Auditorio de Badajoz“, „Auditorio El Batel Cartagena“ и „Auditorio de Plasencia“ во Шпанија, преку згради во Лондон, Португалија и Лос Анџелес до училиште и центар за вакцинација во Африка.
Најпосетен проект, сепак, е нивната канцеларија среде шума, односно во близина на Мадрид, изградена во 2008 година. Хозе Селгас и Лусија Кано ја дизајнирале оваа тубуларна канцеларија долга 18 метри, широка околу четири метри и висока околу 2,5 метри.
Канцеларијата се состои од само една просторија на вкупна површина од 72 квадратни метри и е делумно покриена со проѕирен ѕид. Поточно, sидовите од едната страна се направени од фиберглас со дебелина од 11 сантиметри и овозможуваат спектакуларен поглед од работното место кон шумата, а вработените се чувствуваат како да работат во самата шума.
Масите се сокриени од директната сончева светлина и овозможуваат нормални услови за работа во текот на денот. Дел од објектот е вкопан околу 1,2 метри под земја, поради што канцеларијата останува добро климатизирана дури и за време на најжешките шпански лета.